Борел најави финансиски мерки за Косово, доколку не се одржат избори со учество на Србите

by fokus

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел денеска изјави дека членките на Европската унија бараат да се прекине ескалацијата и да се одржат нови избори на северот на Косово со учество на косовските Срби, најавувајќи финансиски и политички мерки доколку тоа не се случи.

-Земјите од ЕУ, доколку е потребно, ќе применат мерки за зајакнување на лостот на влијание на Европската унија и ќе го поддржат дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Изборите во четирите општини на северот на Косово мора да се организираат со безусловно учество на косовските Срби и двете страни мора да покажат волја за спроведување на обврските од дијалогот, рече Борел.

Тој додаде дека не е возможно општините на северот на Косово секогаш да бидат под заштита на КФОР.

Поврзани новости