Бон: Францускиот предлог не е спротивен на македонските интереси

by Fokus

Францускиот предлог не е спротивен на македонските интереси, но бугарските преокупации треба да се земат во предвид на внимателен начин, вели францускиот државен секретар за европски прашања Клеман Бон, по завршувањето на средбата на Советот за општи работи на ЕУ.

Тој кажа дека во моментот не може да изнесе детали за предлогот, бидејќи е политички процес за кој се уште се разговара но повтори дека преговарачката рамка не е местото каде што треба да се одвиваат билатералните преговори.

„Држевме до принципот, во контакт со Европската Комисија и нашите европски партнери, дека преговарачката рамка не е место за чисто билатерални преговори. Мора да се констатира дека има билатерална блокада со месеци. Внимателно и со баланс, но отфрлам дека ова би било против интересите на Македонија, напротив, во контакт и со Скопје, преку информациите од билатералните дискусии меѓу Скопје и Софија, но и преку директни контакти што ги имавме, што Европската Комисија ги имаше со двете страни, велам дека има некои теми кои немаат директно билатерален карактер, но ги засегаат преокупациите на Бугарија во нејзиниот однос со Македонија, во преговарачката рамка, на внимателен и ограничен начин.“

Потпретседателот на Европската Комисија, Марош Шефчович, ја поздрави заложбата на Франција за надминување на блокадата и вели дека започнувањето на преговорите со Македонија и Албанија е огромна важност за Унијата, со што би се докажало дека политиката за проширување е се уште жива.

„Тоа би отворило сосема ново поглавје во нашиот однос со Западниот Балкан затоа што проширувањето ќе стане поопипливо, ќе влеземе во конкретни преговори. Албанија и Македонија се познати како многу подготвени за отоврање на поглавјата за преговори.

Инаку синоќа, бугарскиот амабсадор во ЕУ на состанокот на Комитетот на постојани претставници, познат како КОРЕПЕР, порачал дека Софија уште не може да се изјасни за преговарачката рамка.

Истакнал дека францускиот предлог може да доведе до задоволително решение и се заблагодарил за дипломатските напори и разбирањето кое ЕУ го покажале за бугарската чувствителност на оваа тема, но поради турбулената политичка слика во Бугарија побарал разбирање од европските парнери што не можат да соопштат конечен став до крајот на неделава..

Поврзани новости