Бугарско МНР: Документите за преговорите со Македонија немаат ознака за тајност

by Fokus

Документите за преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија немаат ознака за тајност и се впишани во јавната евиденција на Народното собрание и на Советот на министри на Бугарија, соопшти денеска Прес-службата на бугарското Министерство за надворешни работи.

Реакцијата следува откако министерката за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска ја повика владејачката партија на Петков, Продолжуваме со промената, да ја отстранат класификацијата „тајност“ од документите со РСМ

Во соопштението се објавени и архивските броеви на три документи под кои се заведени тие и на кои има два датуми: од 17 јуни 2022 година и 20 јуни 2022 година.

„Вака поднесени, горенаведените документи се достапни за увид на сите пратеници од 47. Народно собрание на Република Бугарија“, се наведува во соопштението на МНР.

Повикот доаѓа во време кога во бугарското Собрание трае расправата по иницијативата за гласање доверба на Владата на Петков, од која се повлече партијата Има таков народ (ИТН) од чии редови доаѓа Генчовска.

Поврзани новости