Бојан Јовановски, Боки 13 тврди дека лично од тогашниот премиер Зоран Заев дознал дека странски служби и обвинител имаат предмет против него и Катица Јанева уште на 3 април 2019, пренесува 360 степени.
Во продолжение на неговото денешно сведочење пред судот, тој праша зошто Орце Камчев не го пријавил случајот директно кај Вилма Русковска, туку прво кај тогашниот премиер.
„Она што е многу важно да се знае е дека самата обвинителка Вилма Русковска во јавен настап кажа дека уште во месец јануари комуницирала со Камчев. Како може Камчев да нема доверба и да го пријави случајот кај неа дури на 2 мај 2019? Не е тоа, туку со овој случај се тргуваше зошто ова беше предмет на уцена. На Катица Јамнева и беше кажано или ќе даде оставка или ќе следува ова што денеска се случува”, тврди Боки 13.
За Заев рече дека на 3 април 2019 бил гостин во емисијата на 1ТВ „Печат на неделата“, а после емисијата бил во канцеларијата на Боки.
„После емисјата беше во мојата канцеларија и ми кажа дека мене ме следеле странски служби, исто и Катица и дека не знаел што ќе прави и дека состојбата е многу сериозна” – додаде Боки.