Ќе се прави скрининг на вработените во детските градинки, за да бидат сигурни децата, вели Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека има скок на новодијагностицирани пациенти.

„Денеска имаме зголемување на бројот на новодијагностицирани. Во следниве денови ќе следиме дали оваа бројка ќе покаже некаков тренд на зголемување или не. Засега, остануваат на сила сите мерки за заштита од коронавирусот“, – рече Филипче.

Тој нагласи дека со скринингот ќе бидат опфатени и вработените во градинките, за да бидат сигурни дека нема асиптоматски носители.

„Центарот за јавно здравје и Институтот го завршија планот за скриниг, ќе се прават 400-500 тестови на критичните категории. Ќе бидат опфатени здравствени работници, вработени во градинките, таксистите, пациентите пред хоспитализација…Во текот на денот во Велес ќе се направи надзор на неколку фабрики и ќе имаме прецизен увид за што точно станува збор таму – додаде Филипче.

Поврзани новости