Боки 13: Има докази дека “Рекет” е направен за спас на Камчев и за рушење на СЈО!

by fokus

Бојан Јовановски, обвинет во случајот “Рекет”, денеска во Кривичниот суд ја дава својата одбрана.

Тој истакна дека има докази дека “Рекет” е направен за да се ослободи бизнисменот Орце Камчев, и да се сруши СЈО и Катица Јанева.

„Јас ја запознавам Јанева во септември, а дознавам дека предметот „Империја“ се води една година однапред. Имам докази дека овој кривично-правен предмет „Рекет“ е направен за спас на Камчев, за рушење на СЈО, за рушење на Катица Јанева поради тоа што сметаше и на власта и на опозицијата. Телевизијата сметаше на многу луѓе, поради тоа што емисијата „македонски инсајдер“ сметаше. Јас не знам зошто не го вештачевте мојот мобилен телефон. Контурите за тангото кое го играм сега е во мојот мобилен телефон. Немам ништо избришано од мојот телефон. Затоа кога ме испитуваше Рускоска за Меѓународен Сојуз се смееше, и рече дека имало многу добар предмет поради мојот мобилен телефон. Не знам зошто не е извештачен“, рече Боки 13, а пренесе ТВ 21.

Од обвинителството за “Фокус” пак неодамна посочија дека телефонот на Јовановски е извештачен во целост, а останатите докази кои не биле презентирани се однесуваат на предметот “Меѓународен сојуз”.

Поврзани новости