Боки 13: Со Русковска имавме и приватни разговори, со чашка алкохол!

by Fokus

Осомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште во судот, рече дека постојат снимки со главниот и одговорен уредник Ацо Кабранов за овој случај. Но, како што истакна, тие не се достапни поради тоа што неговиот телефон не е вештачен.

„На никој од уредниците ниту новинарите не им беше дадена конкретна задача. Исто како што зборувам ќе можеше да го потврди господинот Кабранов, доколку судот оценеше дека требаше да го сослуша. Исто така ќе кажеше дека ние за овој настан сме зборувале со Кабранов каде што има аудио снимки кои не се достапни на овој суд поради тоа што мојот телефон не е вештачен. Јас го договорив првото гостување на обвинителката Вилма Русковска во медиумот со кој раководев“, сведочеше обвинетиот Бојан Јовановски.

Додаде дека потоа уште неколку пати се среќавал со Русковска во 1ТВ, како што рече во четири очи и додаде дека разговорот се водел со чашка алкохол ама тој не пиел.

Поврзани новости