49
Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи – Митко Бојмацалиев од Ресен информираше дека денеска пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.
Како што е наведено во соопштението од МВР, Бојмацалиев нагласи дека е информиран од управните служби при МВР на ниво на државата, дека сепак се уште од страна на Кабинетот на министерот не е решен проблемот со одобрување на личните документи.
– Бројката на неодобрени документи е над 50.000 и во текот на денешниот ден ќе упатам писмо за состанок заедно со раководството на управните служби и министерот Тошковски, да го надминеме овој проблем, вели Бојмацалиев.