Бојмацалиев: Последната пратка обрасци е доказ дека системот функционира

by Фокус

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, одговарајќи на прашањето околу последната пратка на обрасци за патни исправи која што пристигна и дали имаше потреба од пречек, појасни дека тоа било направено поради, како што рече, лажни вести од типот на тоа дали ќе дојдат или нема да дојдат нови обрасци.

-Не се занимавам со ситни политички поени на дневна основа или лајк на фејсбук, тоа е една од главните причини. Да покажам на македонската јавност дека работиме одговорно и транспарентно. Она што го пишуваме на фејсбук, што денеска го кажуваме тука. Тоа е нормална посета на министер, дополнителен заменик министер, кога оди на полициски објект, му се предава рапорт, прави обиколка на колегите – истакна Бојмацалиев.

Тој додаде дека суштината е да докаже и да покаже дека ситемот функционира. Бојмацалиев истакна дека МВР направила рамковна спогодба за 2 милиони обрасци, a досега се стигнати 1.700.000 обрасци.

-МВР и кога го правела планот, извадила податоци дека има 1.803.000 граѓани кои поседуваат патна исправа и направила рамковна спогодба за 2 милиони обрасци – вели тој.

Поврзани новости