Богојески: Бугарија има фалсификувана историја

by Fokus

Петар Богојески од Македонски концепт во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 упати критики кон Бугарија и отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“.

„Имам кривична пријава и во Македонија, и во Бугарија, човек кога крши лед е подготвен сето тоа да го издржи. Тврдам дека Бугарија има фалсификувана историја. Секаде каде што стои Македонец, македонски стои словен, а најмногу се фалсификувани делата на револуционерите, најмногу нивната интима, нивните сведоштва. Денеска се продаваат како докажани вистини. Далеку е од историската реалност дека преку ноќ се создадени Македонците. Ванчо Михајлов, прво тоа не е културен центар, туку смешно клупче, на луѓе кои се трудат да најдат место под сонцето. Тие момчиња во Битола не знаат што прават против македонско-бугарското пријателство“, рече Богојески.

Поврзани новости