Богдановиќ за оставката на Белчева: Имаше целосна поддршка, не знам зошто е незадоволна

by fokus

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека не знае зошто експретседателката на Советот, Јана Белчева-Андреевска, била незадоволна, а која самоиницијативно вчера се повлече од функцијата.

„Нормално дека во секоја работа има одредени усогласувања и несогласувања, начини на размислувања итн. Досега, за најголемиот дел од одлуките, вклучувајќи ја и најголемата одлука на Советот за мораториумот за градби, сме докажале дека имаме исти ставови и принципи. Но, начинот на кој ние функционираме и потоа ги практивуваме сите одлуки гледаме да бидат во согласност со сите законски уредби и прописи итн. Јас не знам конкретно за кои работи не е задоволна сегашната само советничка Белчева-Андреевска, целосната поддршка ја има добиено во сите активности што се спроведени, нормално за некои работи што сме сметале – сме давале одредени забелешки, вели Богдановиќ.

Таа, пак, во својата оставка како причини за нејзината одлука за повлекување од функцијата ги наведува „непремостливите разлики со актуелното мнозинство и раководство на Општина Центар, а особено со градоначалникот“.

Поврзани новости