Богдановиќ позитивен на ковид 19

by Фокус

Градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ е позитивен на ковид 19.

„И покрај заштита за целото време на пандемијата, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите. Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции, затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, напиша тој на фејсбук.

Поврзани новости