Бајден ќе подели 25 милиони маски

by Фокус

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден од март до мај ќе испорача повеќе од 25 милиони заштитни маски против ковид во бројни здравствени центри, јавни кујни и магацини со храна, како дел од стратегијата за борба против заразата.

Белата куќа проценува дека меѓу 12 и 15 милиони Американци ќе можат да носат маски.

За време на претседателската кампања, Бајден апелираше до граѓаните да носат маски.

Поврзани новости