Заев: Уште една благодарност до пријателска Србија за вакцините

by Фокус

Нашата взаемна грижа и поддршка продолжува и понатаму како традиционално пријателски народи и добри соседи посветени на нашите заеднички светли перспективи, за кои имаме многу блиски допирни точки, порача премиерот Зоран Заев по втората пратка со вакцини за ковид-19 кои донирани од Србија.

„Денеска пристигна и вториот дел од пратката од Србија со уште 3.510 дози со што, заедно со претходните 4.680 дози имаме доволно количини за имунизација на здравствените работници, нашите херои на првата линија во борбата со ковид 19, согласно Националниот план за имунизација. Уште еднаш во мое име, во име на Владата на Република Северна Македонија и македонските граѓани, упатувам искрена благодарност до народот на пријателска Србија, до претседателот Александар Вучиќ и до премиерката Ана Брнабиќ за овој гест на разбирање, солидарност и поддршка во борбата со пандемијата“, напиша Заев на фејсбук.

Поврзани новости