Богдановиќ по претепувањето: Правдата е спора, но ќе ги стигне

by Фокус

Претседателот на општинската организација на СДСМ во Центар, Саша Богдановиќ, објави слики на својот Фејсбук профил по вчерашното претепување пред неговиот дом. Тој напиша дека претепувањето било остварување на заканите кои му биле упатувани во изминатиот период.

-За настанот мегафоните пренеле дека била пресметка помеѓу навивачки групи, но тешко ми е да верувам во нивната бајковидна приказна, затоа што ова нема врска со ништо друго, освен со мене лично, затоа што им сметам! Ако сте решени да ме спречите тогаш идете до крај! Ние слики си оставивме дома, за најблиските и ќе застанеме после конечната победа за слободна, нормална и демократска Република Македонија, напиша Богдановиќ.

Тој му се заблагодари на полицаецот кој случајно се нашол во близина и навреме ги спречил напаѓачите и му го спасил животот.

-А на тие другите, тие што мене ми се обраќаат како да сум најтежок криминалец, морам да им соопштам дека правдата е спора, но ќе ги стигне! До тогаш бидете ми поздравени!
А на оние „мојне насилници“ ќе им ја повторам фразата „Она што нема да не убие не прави посилни!“ Блиску е 17ти! Ќе издржиме до тогаш, ама и после тоа, заврши Богдановиќ.

Поврзани новости