50
Жена од село во Велешко, кое полицијата не го открива за да ги заштити жртвите, пријавила дека во нејзиниот дом, таа и сопругот биле нападнати од нејзините татко и брат, кои користеле тврд предмет, соопшти МВР. Полицијата го нашла и предметот, се вели во соопштението.
На 09.08.2026 во 11:10 часот во СВР Велес, 45-годишна жена од село во велешко пријави дека во домот, таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и нејзиниот брат А.Џ., при што употребиле и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен и се преземаат мерки за расчистување на настанот“, пишува во полицискиот билтен.