Блинкен и Лавров се разминаа – Блинкен замина во Израел, Лавров уште не е дојден

by fokus

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен по посетата на Скопје, замина на пат за Израел бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас истекува утре наутро.

Тој заедно со останатите гости вечерва се најде на фамилијарната фотографија до министерот за надворешни работи, Бујар Османи со која беше најавен почетокот на неформалната вечера на министрите за надворешни работи кои учествуваат на состанокот на ОБСЕ.

На фотографијата го нема министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров кој ќе пристигне подоцна во Скопје.

Претставникот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел порача дека добро е што Лавров ќе дојде во Скопје за да слушне и да пренесе зошто Русија е осудена и излолирана.

Поврзани новости