Благодарание на кинеската вакцина која ја примил пред да се инфицира, Тозовац избегнал респиратор

by fokus

Популарниот музичар Преград Живковиќ Тозовац на свои 85 години го победи корона вирусот. Како што известуваат српските медиуми, тој бил хоспитализиран на почетокот на месецот, со позитивен тест, и со воспаление на белите дробови.

Само неколку дена пред да се инфицира, ја примил втората доза на кинеската вакцина, што според тамошните здравствени работници е причина поради која избегнал респиратор и се излекувал.

-Благодарение на вакцината немаше потешки симптоми, беше на кислородна поддршка само поради претпазливост, со оглед на неговата возраст – изјавиле од КБЦ Драгиша Мишовиќ, каде Тозовац беше хоспитализиран.

Тој за неколку дена ќе биде пуштен на домашно лекување.

Вики Клинчарова

Поврзани новости