Битиќи: Солидарноста и сплотеноста сите не прават победници, овие вредности нека не водат низ Новата година

by Fokus

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на сите граѓани им ја честита новата 2024 година, за која вели дека е шанса за нов почеток, и да ja искористиме за убави мисли, почит, одговорност и грижа еден за друг, во нашата секојдневна работа и живот.

„Мојата желба е низ оваа година да не водат позитивните вредностите кои не дефинираат сите нас како граѓани на земјава, секој со сопствен белег и придонес кон создавањето на подобро утре. Ова е мојата водилка овие три и пол години како вицепремиер во Владата, која вие ја препознавате како Влада која решава кризи и работи за вашата благосостојба“, вели Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи во новогодишното обраќање рече дека она што ја прави различна социјалдемократијата, е грижата и поддршката за најранливите.

Затоа сум исклучително горд на мерките со кои граѓаните од ранливите категории полесно ги презимуваат зимите. Овие мерки, кои ги носиме во криза, значат повеќе пари кај оние на кои им е најпотребно, кога им е најпотребно. Не забораваме никој. Помагаме во криза, но одговорно мислиме и на иднината. Токму затоа се фокусиравме и на зголемување на платите. Растот на платите во овие шест години никогаш не бил поголем, и тие ќе продолжат да растат“, вели Битиќи.Вицепремиерот се осврна и на напорите на Владата за создавање на предвидливост и за оние кои се дале себеси и својот труд за ова општество.

 

Поврзани новости