Битиќи: Секој час, секоја минута се преговара со Софија за решение

by Фокус

Вицепремиерот Фатмир Битиќи е оптимист дека ќе се најде решение за надминување на спорот со Бугарија, од што зависи стартот на преговорите со ЕУ.

-Како што веројатно малку беа оптимисти дека ќе се избориме за играње во Европско првенство, момците покажаа дека сплотени тоа го можат, еве уште еден апел дека сплотени и овој предизвик ќе го поминеме, а тоа значи да оставиме шанса на преговорите што се одвиваат, секој еден ден, секој час, секоја минута за да се дојде до решение. Верувајте малку повеќе секој еден граѓанин, секоја една политичка партија дека тие којшто ја претставуваат во овој момент државата нема да се изборат за нешто што не е достоинствено за државата – вели Битиќи на ТВ 21.

Поврзани новости