Битиќи: Ќе се најде човек за наследник на Заев

by Фокус

Во овој момент се креира ново мнозинство и се склучуваат договори со прогресивните сили кои сфатија дека нашата земја нема време за губење понатаму, рече вицепремиерот за економија и потпретседател на СДСМ Фатмир Битиќи.

-СДСМ во моментов има мнозинство со сите прогресивни сили и новата влада ќе биде поголема и постабилна. Таа ќе владее до крајот на мандатот – рече Битиќи на ТВ 24.

Според него, оставката на Зоран Заев е морален чин, а опозицијата е неразумна.

– Наследникот на Заев треба да има поширока поддршка на целото раководство на СДСМ, затоа што тој се избира на непосредни избори. Ќе се најде човек – истакна Битиќи.

Фокус веќе објави дека најсериозен кандидат за наследник на Заев и на премиерската и на лидерската позиција е заменик-министерот за финансии и член на ИО на СДСМ Димитар Ковачевски.

Кој е Димитар Ковачевски, најсериозниот кандидат за наследник на Заев?

Поврзани новости