Битиќи: Инфлацијата се намалува, со Законот за спречување нефер трговски практики, дополнително ќе го заштитиме стандардот на граѓаните

by Fokus

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во своја објава на социјалните мрежи порача дека според последните податоци на Државниот Завод за Статистика за растот на трошоците за живот, измерена е инфлација од 4,0% за месец март 2024 година, со што се потврдуваат конзистентните политики во насока на нормализирање на состојбата после воведените замрзнати цени и маржи за основните прехранбени артикли кои важеа заклучно со февруари 2024.

„Ова е доказ дека во државава во најголема мера оперираат етички одговорни компании, како во производството така и во трговијата, кои и покрај можноста за енормно покачување на цените, сепак продолжија да работат со конкурентни цени, што на крај резултира со раст на инфлацијата во март 2024 од само еден процентен поен споредено со претходниот месец кога беше измерена инфлација од 3,0%“ пишува Битиќи.

Битиќи додаде дека со новодонесниот Закон за спречување нефер трговски практики, ќе се стабилизира цената на 2500 производи и со тоа граѓаните ќе бидат заштитени од нови ценовни шокови.

„Минатиот месец беше донесен и Законот за нефер трговски практики со кој дополнително ќе се обезбеди гаранција за стабилни цени на над 2.500 основни производи како и оневозможување на нефер трговско работење“ порача Битиќи.

Поврзани новости