325
Германски „Билд“ тврди дека Јулијан Нагелсман наскоро и официјално ќе биде потврден за нов селектор на Германија.
Од Федерацијата и Нагелсман начелно постигнале договор за селекторското столче, пишува весникот од каде потврдуваат дека „остануваат уште некои ситни детали да се договорат, па соработката и официјално да биде потпишана“.
Информациите се дека неговиот договор ќе биде со важност до крајот на Европското првенство во 2024 година.
Сепак, информации од Германија велат дека Нагелсман се „оладил“ зашто понудата што ја добил за позицијата селектор му е со мала плата.
Германската федерација наводно му понудила 4 милиони евра годишна плата, многу под платата што ја имаше во Баерн од 7 милиони евра.