Бил прегазен од товарно возило откако паднал обидувајќи се да го сопре

by Фокус

Педесет и две годишниот Т.К. од скопското село Сопиште здобил тешки телесни повреди, откако бил прегазен додека товарел товарно моторно возило во близина на неговата куќа.

Според пријавата до полицијата, во еден момент возилото само се придвижило, а повредениот, во обид да го сопре, паднал и со задното тркало бил прегазен.

Веднаш по несреќниот настан, тој бил транспортиран до Ургентниот центар во рамки на скопскиот клинички центар.

Поврзани новости