БиХ ќе се распадне, порача Додиќ и најави армија на Република Српска

by Фокус

Дајте санкции, не се плашам, порача Милорад Додик, член на претседателството на БиХ кон своите колеги од опозицијата на бурната седница во парламентот на Република Српска.

Инаку, Република Српска ги поддржа неговите предлози за повлекување на согласноста на ентитетот за голем број важечки закони во БиХ, кои опозицијата ги бојкотираше, предупредувајќи дека тоа доведува до нови конфликти и евентуална војна.

Поточно, 49 од 83 пратеници во телото гласаа за заклучоците со кои Националното собрание на РС го повлекува одобрувањето на законите што ја регулираат одбраната и безбедноста, системот на индиректно оданочување и формирањето на Високиот судски и обвинителски совет.

Во заклучоците, исто така, се наведува дека владата на РС треба за шест месеци да предложи закони за регулирање на овие области на ниво на ентитети.

Една од опциите за кои се залага Додик е формирањето на армијата на РС по распуштањето на Вооружените сили на БиХ, која постои од 2005 година врз основа на закон донесен во Парламентот на БиХ.

-БиХ ќе се распадне, а РС ќе се движи кон излезот. Ако сме дале согласност, имаме право да ја повлечеме – рече Додик, додавајќи дека Босна и Херцеговина е во постојана криза којашто никогаш не престанала, така што, според него, тоа треба да се реши со враќање на првобитниот Дејтонски договор.

Поврзани новости