Бездомник утринава пронајден мртов кај Зелено пазарче

by fokus

Во полициска станица утринава околу 6.30 часот е пријавено дека  дека на клупите кај Зелен пазар имало починато лице, велат од полицијата.

Станува збор за 50-годишниот С.С., кој како бездомник често преспивал околу пазарчето. Од МВР додаваат дека смрт е констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош и дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

 

Фото: Плусинфо

Поврзани новости