Без струја делови од Пинтија, 11 Октомври и Тафталиџе, а без вода улица во Козле

by fokus

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, денеска без електрична енергија ќе бидат повеќе места во општините Кисела Вода и Карпош, додека вода ќе нема една улица во Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од улица 1515 во населба Пинтија, додека, од 9 до 13 часот, корисниците од дел од улиците „Ефтим Спространов“ и „Димитар Мирачиев“ во населбата 11 Октомври.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат и корисниците од улица „Бриселска“ во Тафталиџе цо Oпштина Карпош.

Поради технички зафати во водоводната мрежа, односно изведување на приклучок на улица „Козле“ број 3/33, пак, од 9 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица „Козле“ – крак број 3 во Општина Карпош.

Поврзани новости