Без пензии и социјална помош во сиромаштија ќе тонеше 42 отсто од населението!

by fokus

Да не беа пензиите и социјалната помош речиси 42 отсто од граѓаните ќе тонеа во сиромаштија, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Стапката на сиромашија без пензии и социјална помош во 2016та година изнесува 41,6 отсто. Она што е пофрапантно е дека стапката е зголема во споредба со претходната година за 1,1 отсто.

Зголемен е вкупниот број на сиромашни во земјава. Ако во 2015та биле регистрирани 445.200 лица кои живеат под прагот на сиромаштијата, минатата година бројот се зголемил на 450.500. Односно околу 5.000 нови лица се нашле во категоријата на граѓани кои не можат да си ги дозволат основните потреби за достоинствен живот.

Стапката на сиромашни за една година се зголемила за 0,3 отсто и изнесува 21,8 отсто од населението. Најсиромашни се машките лица на возраст од 17 отсто или 30 отсто.

Половина од сиромашните се домаќинства на двајца возрасни со три или повеќе издржувани деца, односно секое второ домаќинство од овој тип крпи крај со крај. 21,2 отсто од домаќинствата со две деца, пак, месечно преживуваат со не повеќе од 14.000 денари.

Најголем скок во растот на сиромаштијата има кај самохраните родители со издржувани деца или вкупно 37,5 отсто од домаќинствата. За споредба минатата година 26 отсто од сиромашните домаќинства биле од овој тип.

Вработувањето за дел од населението не било крај на сиромаштијата. Под прагот живеат 9 отсто од вработените, 41 отсто од невработените и 7 отсто од пензионерите.

Државниот завод за статистика ја пресметува стапката на сиромаштија врз основа на Анкетата за приходи и услови за живеење.

Поврзани новости