Берлускони ослободен од обвинението дека поткупувал сведоци

by Fokus

Италијанскиот суд денеска го ослободи поранешниот премиер Силвио Белрускони од обвиненијата за поткуп на сведоци во случај од 2013 година поврзан со малолетничка проституција.

Берлускони е обвинет дека наводно платил 157.000 евра на италијанскиот пејач Маријано Апичели за да лаже на претходното судење во кое поранешниот италијански премиер беше обвинет дека платил за секс со 17-годишна мароканска танчерка во ноќен клуб.

Берлускони и на претходното судење беше ослободен од обвиенние.

Тој се изјасни за невин и на новото судење за поткуп, а рисмкиот обвинител, Роберто Феличи, на судот му соопшти дека треб да биде ослободен бидејќи нема доволно основи за случајот да продолжи.

Судиите го ослободија Апичела од обвиненијата за поткуп и наводно лажно сведочење.

Поврзани новости