Берлински самит: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во мир

by fokus

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан претставува стратегиска инвестиција во мир, демократија, просперитет, безбедност и стабилност во Европа, потврдувајќи го долгорочниот став дека иднината на целиот регион лежи во ЕУ – вака гласи еден од заклучоците донесени на Самитот на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

„Инклузивната регионална соработка е фундаментален фактор за партнерите од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ и таа не е замена за пристапувањето. Тие ја пофалија позитивната координација на проектите започнати во рамки на Берлинскиот процес и политиките на ЕУ, со специфичен фокус на Економскиот и инвестициски план, Зелената агенда за Западен Балкан и заедничкиот регионален пазар“, се согласиле учесниците.

Воедно, лидерите на Западен Балкан ја обновија својата посветеност кон инклузивна регионална соработка и ја повторија својата посветеност кон клучните европски вредности за демократија, владеење на правото и фундаментални права, како и важноста што помирувањето ја има за успехот на реформските процеси.

Поврзани новости