Битиќи: Го зголемивме бројот на вработени за 60.000

by fokus

Во последните четири години, вкупниот број на вработени лица во земјава се зголеми за 60.000, а просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 денари, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на ТВ 24.

-Во изминатите четири години од владеењето на СДСМ, за 60.000 лица е зголемен бројот на осигуреници. Тоа значи дека вкупниот број на вработени расте – рече Битиќи, додавајќи дека во време на ВМРО-ДПМНЕ имало 730.000 вработени, а сега има 790.000.

Според него, важно е зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 15.240 денари.

-За четири години и просечната плата порасна од 22.000 на 28.000 илјади. Моите сограѓани добиваат повеќе пари – истакна Битиќи.

Поврзани новости