Белгијците ќе работат само четири дена во неделата

by Fokus

Белгиските работници ќе можат да работат четири дена во неделата, според владиниот договор чија цел е да се зголеми флексибилноста на инаку крутиот пазар на трудот.

Говорејќи пред новинарите откако седумчлената владејачка коалиција постигна договор денеска, премиерот Александар Де Кро рече дека пандемијата на коронавирус ги принудила луѓето да работат во пофлексибилни услови и да го комбинираат приватниот и деловниот живот.

Поврзани новости