Белгија прогласи нов „локдаун“ до 25 април

by fokus

Од петок до 25 април Белгија повторно се затвора за да спречи трет бран од Ковид-19.

Сите епидемиолошки индикатори се зголемуваат веќе неколку недели, поради ова владата одлучи денеска дека е важно да се прогласи нов строг “локдаун“ до 25 април, период што се совпаѓа со велигденските празници во Белгија.

Училиштата ќе бидат затворени до 19 април. Отворени остануваат само есенцијалните продавници, сите други ќе смеат да работат само со закажување, сите професии кои подразбираат контакт се затвораат исто така, како што се фризерите и козметичките салони.

Работата од дома станува повторно задолжителна, со построги контроли во фирмите, додека не смее да се собираат повеќе од четири лица на едно место.

Поврзани новости