Бектеши: Цената на струјата најверојатно нема да се зголеми за 13%

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека Регулаторната комисија најверојатно нема да ги прифати барањата на енергетските компании за зголемување на струјата од 13 %. Тој очекува поскапувањето да биде помало и цената на струјата да биде во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард на граѓаните.

„Претходната година енергетските компании бараа зголемување, ако се сеќавате, на 78 отсто, па надминаа некои компании и над сто отсто. Не е важно колку бараат тие. Важно е колку ќе се одобри од страна на Регулаторната цена за енергетика и која ќе биде цената која ќе ѝ ја утврди Владата на ЕСМ која ќе го даде кон универзалниот снабудвач, во овој случај на ЕВН која цена важи за домаќинства и за мали потрошувачи. Што значи дека 13 отсто зголемување кое е барање од страна на енергетските компании, нема да се прифати најверојатно“, рече Бектеши.

Засега не се знае колкава ќе биде цената која државната компанија ЕСМ ќе ја понуди на ЕВН Хоум, бидејќи понудата сè уште не е доставена до Владата која на седница треба да ја одобри или да ја коригира.

Барањата на енергетските компании за зголемување на цената на струјата од 13 насто се темелат поради зголемени трошоци. До крајот на овој месец Регулаторната комисија треба да донесе одлука дали ќе има зголемување на цената со примена од први јули.

Поврзани новости