Бектеши: Оваа криза заеднички да ја направиме нова можност за сите нас!

by Fokus

Мора да помогнеме на нашите компании за време на оваа криза, порача министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција на која се најавија сет мерки за рестартирање на економијата.

„Со цел да го заштитиме домашното прозиводство, да им помогнеме на домашните производители и компаниите кои се погодени од оваа криза. Оваа криза заеднички да ја направиме нова можност за сите нас. Затоа е оваа поддршка од 16 милиони евра ваучери за граѓаните кои можат да ги искористат за домашните угостителски објекти“, истакна Бектеши.

Поврзани новости