614
Министерот за економија Крешник Бектеши, кој според Алатката за отчетност потрошил преку 25 илјади евра народни пари за половина година, од кои 17.000 евра за угостителски услуги, реагира дека во оваа сума има трошоци и на други вработени во министерството.
„Трошоците во Министерството за еконоија се потпишуваат од моја страна, но таму има над 170 вработени и зад сите нивни трошоци стои нивното име. Тие што имаат институционално искуство знаат и ја разбираат механизацијата на функционирање на државните сектори“, посочува Бектеши.
Инаку, тој е меѓу првите неколку владини функционери според парите потрошени за службен мобилен телефон, како и според средствата за авионски услуги.