Бектеши и Скрекас во Атина го потпишаа договорот за гасовод

by Fokus

Грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас и министерот за економија на Македонија Крешник Бектеши, денеска потпишаа договор за енергетска интерконекција, односно за изградба на гасоводот помеѓу двете земји.

На тоа ќе претходи тест на пазарот за да се потврди одржливоста на проектот, додека изградбата започнува на почетокот на 2022 година. Конечната одлука за инвестиција за изградба на интерконекција на системите за природен гас меѓу Грција и Македонија се очекува да биде донесена во текот на годината.

Станува збор за цевковод долг 54 километри со почетна точка во Неа Месимврија што ќе овозможи снабдување на соседната земја со природен гас преку Грција, користејќи ја инфраструктурата на гасоводот и течен природен гас на ДЕСФА. За проектот веќе е потпишан меморандум за соработка помеѓу менаџментот и Национални енергетски ресурси од Македонија во октомври 2016 година.

Како што изјави извршната директорка на ДЕСФА, Марија Рита Гали, има уште многу да се направи, но има и силна посветеност на двете земји за спроведување на гасоводот.

-ДЕСФА исто така се надева на финансирање на проектот од европски извори, и покрај одлуката на ЕУ да престане да финансира проекти поврзани со фосилни горива. За таа цел, се прават напори од страна на Администраторите на Јужна Европа со цел да имаат преоден период на финансирање до 2030 година, соопшти грчката енергетска компанија.

Поврзани новости