МНР реагира за изборните спотови во Бугарија кои изразуваат територијални претензии кон земјава

by Fokus

Министерството за надворешни работи денеска ги осуди предизборните спотови објавени во Бугарија во кои, како што се посочува, се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон нашата држава.

-Во напорите за засилување на дијалогот и зацврстување на довербата, сето во функција на унапредување на добрососедските односи, објавувањето на предизборни спотови во кои се изразуваат територијални претензии и еднострани чувства за припадност и присвојување кон друга соседна држава, не е во духот на градење пријателство и почитување на европските вредности, за кои заедно толку многу се заземаме. Очекуваме официјалните претставници на Република Бугарија да се оградат и ги осудат ваквите настапи на една од потенцијалните политички учесници во највисокиот дом на Бугарија, стои во реакцијата на МНР.

Поврзани новости