БЕГ реагира на најавата на Шилегов за преземање на топлификациска мрежа: Се подготвуваме за грејната сезона согласно важечките лиценци

by Фокус

Компаниите во состав на Балкан енерџи груп (БЕГ) се деловни субјекти кои поседуваат важечки лиценци за производство, диструбуција и снабдување со топлинска енергија на територија на градот Скопје, реагираат од БЕГ во однос на најавата на скопскиот градоначалник Петре Шилегов дека топлификациската мрежа ќе се врати во надлежност на Град Скопје.

„Согласно обврските кои произлегуваат од овие лиценци, издадени според важечката законска регулатива и подзаконските акти, од страна на државната Регулаторна комисија за енергетика, компаниите во состав на БЕГ АД: Производство на топлина – Балкан енерџи, Дистрибуција на топлина – Балкан Енерџи и БЕГ-Снабдување со топлина, функционираат редовно и согласно на своите деловни и оперативни планови ги реализираат сите планирани зафати, како и непоходните ремонти и подготовки на системот за грејната сезона 2018/2019. Сите наши активности се одвиваат во согласност со законите на Република Македонија и согласно со одредбите на важечките лиценци, па оттука ние продолжуваме со нашите активности за подготовка на новата грејната сезона, во интерес на потрошувачите“, стои во реакцијата.

Поврзани новости