Независни Грци се закануваат дека ќе го урнат Ципрас од власт ако договорот за името се изгласа со обично мнозинство

by Фокус

Коалициониот партнер во грчката влада, Независни Грци, не отстапува од барањето, Договорот со Македонија, во грчкиот парламент да се ратификува со зголемено мнозинство од 180, наместо 151 пратеник. Во спротивно, како што рече грчкиот заменик-министер за транспорт и врски од редовите на партијата на Каменос – Никос Мавраганис, ќе се повлечат и владата ќе падне.

– Прво, правната важност на овој потпис е минимален па дури и нула. Второ, нема е воопшто важно што ќе се случи сега, туку важно е дали ќе се ратификува од парламентот. Трето, побаравме 180 пратеници. Ако не одиме на 180 пратеници, владата ќе падне. Ние ќе се повлечеме од владата и ќе ја повлечеме нашата доверба, рече Мавраганис.

Поврзани новости