Шилегов: Топлификациската мрежа ќе му ја вратиме на Скопје

by Фокус

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска изјави дека ќе побара владата да му ја додели топлификациската мрежа на Град Скопје, бидејќи и било одземена.

– Таа мрежа е сопственост на градот, затоа што дел од средствата или партиципирањето во изградбата на таа мрежа се токму на граѓаните кои со плаќањето на приклучоците и услугите всушност ја имаат изградено таа мрежа. Тоа во 1999 година му било одземено од градот и ќе барам да се врати во сопственост на градот и да ги регулираме тие односи – истакна Шилегов.

Тој додаде дека во текот на наредниот месец ќе бидат основани неопходните правни субјекти, за да може во авсгуст да побараат од Регулаторната комисија да започне постапка за издавање лиценци и на претпријатието кое се занимава со дистрибуција на топлинска енергија и на претпријатието кое се занимава со гасификација.

 

Поврзани новости