Беџети му забележува на судството за „Монструм“

by Фокус

Веќе поранешниот министер за правда, Блерим Беџети, на заминување од функцијата рече дека судството не успеало до крај да ги расчисти сите дилеми поврзани со нерегуларностите во случајот „Монструм“, чија пресуда беше одложена за крајот на месецов поради болест на судијата.

– Судовите имаат должност, разгледувајќи ја фактичката состојба, разгледувајќи ги сите докази, да ги отстранат сите дилеми кои постојат во јавноста и сите ситуации што се појавија потоа. Јас и понатаму стојам на тоа дека не се успеа да се надминат тие разлики од страна на судот – изјави Беџети.

Сепак, тој нема забелешки на судската пресуса, според која, Беким Фазлиу од ДПА треба да му исплати околу 8.000 евра, поради тврдењата дека поранешниот министер за правда во една скопска дискотека бил фатен со дрога и оружје.

Според Беџети, во вториот случај се докажало дека Фазлиу преку лаги и невистини го дискредитирал и му ги нарушил угледот и честа.

Фазлиу, пак, тврди дека бил осуден за клевета без основ и без воопшто да прими покана за присуство на судско рочиште.

Поврзани новости