„Цивил“ за случајот Куртишова: За излез од земјава потребен е само валиден пасош!

by lali 17:59
17:59

Невладината организација Цивил најостро ја осудува одлуката на службеното лице од пасошката контрола на МВР на скопскиот аеродром „Александар Велики“ да не ѝ дозволи на Емра Куртишова, актерка во Театар за деца и младинци – Скопје, да ја напушти земјава поради наводна неисправност на документацијата и непоседување на доволно парични средства за времетраењето на престојот.

„При излез од земјата граѓаните немаат потреба да приложуваат ништо повеќе од патен документ или друг документ пропишан за преминување на државната граница кој според член 15 став 1 од Законот за гранична контрола се користи за проверка и утврдување на нивниот идентитет. Дополнителна документација може да биде потребна при влез во државата, не при нејзиното напуштање“, се вели во соопштението на Цивил.

Од невладината организација тврдат дека случајот со Емра Куртишова е само илустрација за грубата дискриминација и дискриминаторските политики која оваа власт систематски ги спроведува изминатите години врз граѓаните по основа на етничка, национална, религиска, сексуална и друга припадност, што претставува свесно огрничување, контролирање и кршење на човековите права и слободи на граѓаните.

- Advertising -

„Цивил ја поддржува и охрабрува Емра Куртишова во барањето на своите права и евентуално покренување постапка пред надлежните институции на системот со цел расветлување на случајот и исправање на нанесената неправда“, се вели во соопштението.

Поврзани новости