Божиновски останува генерален секретар на владата

by Фокус

Веднаш по изборот на новата влада од страна на собранието, Кирил Божиновски беше реизбран за нов владин генерален секретар.

Пред да го замени на оваа позиција Стојан Тодоров (татко на министерот за здравство Никола Тодоров) во 2010 година, Божиновски бил раководител на секторот во канцеларијата на премиерот Никола Груевски за меѓународни односи и соработка, а претходно работел во собранието и во општината Гази Баба.

Тој моментално е член и на извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, каде ја вршеше и функцијата партиски генерален секретар од 2011 до 2013 година, кога прв партиски оперативец стана Емил Димитриев.

Инаку, досегашниот заменик-генерален секретар на владата, Илхам Исмани, ќе биде заменет од страна на Тахир Хани, поранешен пратеник и министер од редовите на ДУИ.

Поврзани новости