Балканските лидери се договориле да се воздржат од мешање во туѓи внатрешни работи и да избегнуваат националистичка и провокативна реторика

by Fokus 12:19
12:19

Лидерите на балканските земји, што учествуваа на состанокот во рамките на Брдо процесот , на кој беше и германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, не само што се скарале туку и се договориле во иднина да не се мешаат едни на други во внатрешните работи на земјите. Ова е клучниот дел во усвоените заклучоци од состанокот, покрај тој да избегнуваат употреба на националистичка и провокативна реторика.

“Ние, лидерите од Брдо процесот – Бриони потврдуваме дека клучна определба на оваа средба е да се зајакне нашата одговорност за политичката стабилност и помирување во Југоисточна Европа, која се соочува со предизвици поради забавување на процесот на проширување на ЕУ и порастот на негативните глобални трендови. За да се постигне стабилност, владеењето на правото мора да преовладува како принцип во сите аспекти и во поширокото соседство. Исто така, потребно е да зајакне отворниот дијалог и да се избегнува националистичка и провокативната реторика – се наведува во заклучоците.

- Advertisements -

Поврзани новости