Костуранова: Хајката врз невладините е еден од најнеправедните процеси на малтретирање од страна на државните институции

by Fokus

Императив е да се подигне квалитетот на самото образование, квалитетот на наставата, односот на професорот и наставникот кон ученикот и правата на ученикот во образовната средина. Не смееме да носиме одлуки без тие да бидат предмет на анализа и долгорочен план, вели извршната директорка на Младинскиот образовен форум, Дона Костуранова, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

– Целата ситуација е олицетворение на неправдата во македонското општество и злоупотребата на политичка моќ наспроти интересите на граѓаните. Државата за едни е мајка, за други маќеа. Додека во исто време се повикуваше на политички прогон кон невладини организации, се ангажираа шест институции да вршат секојдневни контроли и буквално целосно да ги осакатат организациите во моќта да си ја работат својата секојдневна работа, истовремено владата одлучи да го додели најголемиот фонд досега, во најголемите износи на индивидуални договори досега на невладините организации и очекувано, кога ја видовме листата на тие невладини организации, на неа има две или три имиња кои граѓаните можат да ги препознаат – тврди Костуранова.

Според неа, техничката влада ниту има мандат, ниту има право да доделува вакви средства.

– Истовремено хајката врз невладините што е еден од најнеправедните процеси на малтретирање од страна на државните институции треба да запре и да се преиспитаат сите донесени одлуки и записници од истите – додава Костуранова.

Поврзани новости