Бакрачески ги обвини еколозите дека го оцрнувале Охрид

by fokus

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, на еколошките асоцијации им припиша политичка пристрасност и обвини дека создаваат погрешна слика за состојбата со заштитеното природно и културно наследство во охридскиот регион, пред телата на УНЕСКО, пренесе Мета.

-Состојбата е далеку од тој аларм кој сакаат во јавноста да го прикажат некои асоцијации. Истите тие се премногу исполитизирани и имаат преголемо политичко влијание, а многу малку се потпираат на стручни аспекти и изгледа дека тие повеќе сакаат да го нема Охрид во УНЕСКО отколку што навистина се загрижени за заштита на човековата околина, вели Бакрачески.

Бакрачески ова го изјави како одговор на зачестените напади на еколошките здруженија и асоцијации, кои особено жестоко реагираа на плановите за изградба на инфраструктури проекти во Националниот парк Галичица и езерскиот брег.

Меѓу другите, еколозите за ова известија и во Бернската конвенција за заштита на строго заштитени видови кои во Охридско ги има повеќе од 260.

Поврзани новости