ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Зоран Заев

by fokus

Аболицираниот Зоран Заев мора да си поднесе неотповиклива оставка. Зоран Заев ги излажа своите сопартијци и целата јавност дека ќе си даде оставка доколку загуби на изборите одржани на 11-ти декември, рече Орце Ѓеорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев треба да си поднесе оставка поради лагите кои во серија ги кажува, поради криминалите во кои е до гуша заглавен, поради рушењето на угледот на државата, но како што гледаме во последните денови и поради валкањето на угледот на амбасадите кои ги злоупотребува за да ги избегнува судските рочишта. Зоран Заев лажеше за средбите во Израел, по што следеа низа деманти и срам на меѓународната сцена. Зоран Заев лажеше и измислуваше за 500.000 фантоми, исто како што лажеше за печатењето на фалсификуваните патни исправи и лични карти за кои потоа се докажа дека се дело на неговиот пријател и сопартиец Чауш, рече Ѓеорѓиевски.

Поврзани новости