Пратениците треба да достават анкетни листови до крај на месецов

by fokus

Пратениците од новиот состав на Собранието до крајот на месец јануари треба да достават анкетни листови. Анкетните листови треба да содржат колкав имот поседуваат, хартии од вредност и побарувања и долгови и треба да се достават до Државната изборна комисија.

Имотот на пратениците е информација од јавен каракер и нивна обврска е да достават анкетни листови.

И по престанокот на мандатот, пратениците се должни да достават Анкетен лист во рок од 30 дена, а доколку дојде до друга функција исто така имаат обврска да ја информира Комисијата за новиот избор или именување.

Поврзани новости