Бајден: Трамп го претвори САД во бојно поле

by Fokus

Демократскиот кандидат за претседател на САД Џозеф Бајден го обвини претседателот Доналд Трамп дека ја претворил земјата „во бојно поле“ и вети дека ќе стори сé за да ги залечи расистичките рани доколку победи на изборите закажани за ноември.

-Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд пред една недела во Минеаполис претставува електричен шок за нашата земја и за сите нас, рече Бајден во говорот во Филаделфија.

Ова е прв пат од средината на март, 77- годишниот Бајден да ја напушти својата држава Делавер каде што беше ставен во карантин поради епидемија на коронавирусот.

-Трамп верува дека поделбите ќе му помогнат да победи на претседателските избори, изјави Бајден, кој според анкетите е во водство пред Трамп.

Иако голем број мнозинство во Конгресот ја осудуваат смртта на Флојд, таквата брза акција на Конгресот се чини тешка бидејќи Конгресот е длабоко поделен, меѓу демократите кои го водат Претставничкиот дом и републиканците што го водат Сенатот.

Поврзани новости